Заедно на патот напред

Стандарди што создаваат доверба

Нас нè води едно прашање: „Што повеќе можеме да понудиме?“  Со континуирани деловни иновации и проширување на нашата мрежа на  дистрибутери, како и со одржување на врвни стандарди во работењето и во  односите со партнерите, Фабрика за кабли Прозденка се етаблира како  препознатлив бренд за кабли во регионот.

Оваа посветеност на квалитет и интегритет ни овозможува да понудиме решенија  кои носат вистинска вредност за нашите партнери.

Нашата сила во ваша корист

Откријте како нашите внатрешни предности се претвораат во низа придобивки за нашите партнери.

За нас

Компанија со искуство

Фабрика за кабли Прозденка од Неготино, Република Северна Македонија претставува современ индустриски капацитет со долгогодишна традиција во конструирање, дизајнирање, производство, испитување и продажба на електрични кабли.

Историјат

„Зденка Неготино„ –  Фабрика за кабли е основана во 2003 година, како  производствен капацитет со ограничен асортиман и производствени можности.

Со изградбата на новата производствена хала во Пепелиште, Неготино,  значително се прошири асортиманот на производи и се зголеми производствениот  капацитет.

Во 2011 година фабриката го добива името „Про Зденка Кабли“, а од 2023 година,  по спроведеното ребрендирање, продолжува со работа под името Фабрика за  кабли Прозденка.

Со ова започнува нова развојна фаза, насочена кон унапредување на квалитетот,  проширување на производствените капацитети и зацврстување на присуството на  домашниот и регионалните пазари.

Денес фабриката располага со современа производствена инфраструктура, а во  тек се инвестиции насочени кон понатамошен раст и развој.

Целта е обезбедување производи што ги исполнуваат највисоките меѓународни  стандарди и градење долгорочна, сигурна соработка со клиентите.